Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

САД наметнуваат такса од пет проценти за производите што доаѓаат од Мексико

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави такса од пет проценти за производите што доаѓаат од Мексико, со цел да се изврши притисок врз земјата да направи повеќе за сузбивање на мигрантите од Централна Америка кои се обидуваат да ја преминат границата со САД.

Тој објасни дека таксата постепено ќе се зголемува додека не се реши проблемот со илегалната миграција.

„САД од 10 јуни ќе наметнат такса од пет проценти на производите кои од Мексико доаѓаат во нашата земја, сè додека илегалната миграција од таа во нашата земја не биде стопирана“, изјави Трамп.

Претседателот на САД ја обвини владата во Мексико дека не прави доволно за стопирање на мигрантскиот бран што доаѓа од Салвадор, Хондурас и Гватемала.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК