Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Позитивниот извештај е потврда за реформите и решавањето на децениските прашања

Напредокот во реформите, решавањето на децениските прашања, лидерството, домаќинското и одговорно работење, се препознаени и вреднувани од Европската комисија, велат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз, ден по позитивниот извештај за напредокот на патот кон ЕУ.

„Република Северна Македонија го доби најпозитивниот Извештај од Европската комисија за напредокот на државата во процесот на интеграција во Е и се посочува како ‘светол пример’. Чистата и безусловна препорака од страна на ЕК за почеток на пристапните преговори е признание за реформите, за историските и храбри чекори на Владата предводена од СДСМ кои обезбедија помирување и партнерство со соседите, вистински и реални реформи кои носат добро за граѓаните и обезбедуваат фер општество за сите“, велат од СДСМ.

Владејачката партија додава дека преку единство, домаќинско и одговорно работење државата е на вистински пат и продолжува напред.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

ДЕСК