Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

„Мерцедес“ удри во пешак кај Слупчане

„Мерцедес“ удри во пешак кај Слупчане. Како што информира полицијата, вчера во 21:40 часот на локалниот пат во село Слупчане, општина Липково, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ќ.Р.(56) од село Ваксинце, удрило во пешакот М.И.(51) од село Слупчане.

Притоа, М.И. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Куманово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК