Centar.mk
БИЗНИС

Најбогатите луѓе во САД поседуваат 70 отсто од вкупното богатство

Најбогатите 10 отсто од домаќинствата во САД поседуваат 70 проценти од вкупното богатство на домаќинствата, покажува најновиот извештај на „Дојче банка“, чија оценка ја пренесе главниот економист, Торстен Слок, кој пак се повикува на новиот извештај на Федералните резерви (Фед).

Во оваа студија се наведува дека богатството на 1 процент од најбогатите домаќинства во САД во тој период се зголемило од 23 на 32 проценти.

Аналитичарите утврдиле дека причината за растот на богатството во првите десет отсто, е тоа што пораснал уделот на нивните имоти во тој период од 55 на 64 отсто, додека истовремено речиси исто се намалил имотот на средната и високо средната класа.

Слок вели дека тоа делумно е резултат на експанзивната монетарна политика на Фед, по финансиската криза во 2008 година, благодарение на која растеа цените на недвижностите и акциитево последните десет години.

Можеби ќе ве интересира

„Безбедни жици за загрозени птици“: ЕВН Македонија и Македонското еколошко друштво официјално го започна проектот за заштита на загрозени видови птици во земјава

ДЕСК

Втора година на врвот: Mozzart најпосакуван работодавач за 2025

ДЕСК

„Алкалоид“ АД Скопје четврта година по ред прогласен за победник во категоријата Најпосакуван работодавач

ДЕСК