Повеќето камења од универзумот кои прелетуваа во близина на Земјата се осамени патници на својата рута околу сонцето, меѓутоа астероидот кој ќе помине покрај нашата планета денеска е сосема поинаков.
Имено, астероидот наречен 1999 KW4 е двојно поголем/ Научниците сметаат дека примарно, телото е широко околу километар и половина и доволно е голем да има помал астероиден месец во својата орбита. Помалиот месец во орбитата на големиот камен и понатаму е значајно голем сам по себе, со повеќе од 400 метри. Ако овој двоен астероид би претставувал закана за Земјата, тогаш ние би имале сриозен проблем, но за среќа не е така.
Овој астероид нема да биде проблем ниту во иднината, а кога ќе помине покрај нас, тоа ќе биде на безбедна дистанца од околу 5 милиони килоемтри, што е повеќе од 13 пати оддалеченост меѓу Земјата и Месечината.