Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ бара кривична одговорност за Богоевски, велат дека оставката не може да биде оправдување

Оставката не е и не може да биде оправдување и амнестирање од направениот криминал, а Богоевски мора да сноси кривична одговорност за трговија на нарко-пазарот, изјави порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„МВР и ЈО мора итно да спроведат акција врз основа на личното признание на Павле Богоевски, за да се открие целиот синџир за трговија со наркотици, но и да се провери кои се’ од претставниците на власта, на парламентот, јавни функционери биле дел од таа и од таква криминална трговија но и и злоупотребувале наркотици. Очекуваме против Павле Богоевски да бидат преземени мерки за заштита за обезбедување на присуство, имајќи предвид дека Богоевски извршувал функцијата ја пратеник во Собранието и може да влијае врз сведоци во истрагата“, рече Стоилковски.

Претходно денеска Павле Богоевски најави дека ќе поднесе оставка по скандалот со аудиоснимката објавена на руската мрежа „Вконтакте“. Оставката на Богоевски ќе важи по гласањето на седница за предлогот за одземање на мандатот на Груевски.

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК