Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Важна вест од МВР: Пронајдена е граната од минофрлач – Никако од 16 и 30 часот не се движете на патот помеѓу Долен и Среден Крушопек

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните, особено жителите на селата Долен и Среден Крушопек, општина Сарај, дека во 16.30 часот ќе биде извршено уништување на неексплодирана граната од минофрлач 120 мм. Гранатата беше пронајдена денеска во дол покрај патот помеѓу селата Долен и Среден Крушопек.

Гранатата е активна и е без осигурувач на запалката. Поради тоа постои опасност за транспорт и гранатата ќе биде уништена на местото од Одделот за антитероризам.

Апелираме до граѓаните да се воздржат од движење на горенаведениот пат во наведеното време.

Можеби ќе ве интересира

Попов: Студентската картичка со низа поволности за студентите, покрај досегашните вложувања во образованието, студентскиот стандард и вработувањето на младите

ДЕСК

Анализа: Мицкоски започнува директни средби со граѓаните низ целата држава

ДЕСК

Мицкоски: Решението за студентскиот оброк е на маса, студентите ќе добијат поголеми права и привилегии

ДЕСК