26. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

СДСМ: Мицкоски продолжува да биде промотор на мерките на СДСМ, граѓаните ќе добиваат пониски сметки за парно

– Христијан Мицкоски, човекот кој 11 години водеше погубна енергетска политика на штета на граѓаните, деновиве се поклони пред политиките и мерките на СДСМ и почна да станува нивен промотор, соопштија од СДСМ.

– СДСМ ја промовираше мерката за намалување на ДДВ за парно до 18 на 5 отсто, а Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ втор ден порачуваат дека ќе се заложеле да се намалат трошоците за затоплување.

Крајно лицемерно е Мицкоски да зборува за грижа за граѓаните кога граѓаните многу добро паметат дека додека Мицкоски му беше советник за енергетика на Никола Груевски, беше укината евтината тарифа на струјата, електричната енергија поскапе за 100 отсто, а граѓаните мораа да плаќаат за парно дури и без да го користат.

Со намалување на ДДВ-то за испорака на топлинска енергија од 18 на 5 проценти, од почетокот на новата грејна сезона, граѓаните ќе добиваат помали сметки за парно греење.
Тоа значи дека секое семејство, приклучено на централно парно греење со стан со просечна квадратура, ќе добива пониска сметка за околу 220 денари месечно, однсоно годишна заштеда од над 2.600 денари. Парламентарното мнозинство и Владата предводени од СДСМ остануват посветени на реализација на мерките што обезбедуваат повеќе пари кај секој граѓанин, во секое семејство.
Мицкоски може да гледа, да учи и слободно да ги промовира мерките што се во интерес на граѓаните, се вели во реакцијата на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска во Загреб- Потпишан Меморандумот за разбирање и соработка насочена кон развој на пазарите на капитал во земјите од Централна и Југоисточна Европа

ДЕСК

По 17 години – нови правила за одобрување возила од 1 септември: Поевтино, побрзо и 1,3 милиони евра назад кај македонски компании

ДЕСК

ССМ со жестоко соопштение: Функционер со 150.000 денари плата или 2.500 евра плата му кажува на работник со 24.397 денари или 400 евра плата како нема да му ја зголеми платата и како добро се живее, веројатно за да не аздиса многу работникот

ДЕСК