Centar.mk
КУЛТУРА

„Години од слама“ нов роман од Братислав Ташковски

Во издание на „Панили“ излезе новиот роман на македонскиот писател Братислав Ташковски „Години од слама“. Романот на еден необичен начин, со контрапунктирање на најразлични типови говори, се обидува да го сопре наративното време, како ламент по изгубената историја. Околу редакцијата на еден весник гравитира цела галерија најразлични ликови, често на работ на надреалното, иако во нив препознаваме и реални личности од нашата поблиска историја: министри, професори, интелектуалци, арлекини, шарлатани и конкубини.

Станува збор за моќна приказна која изворот го наоѓа во матното секојдневие, во човечкото и во неговата внатрешна природа притисната во менгемето на актуелната политика и нејзината превртливост. Венко Андоновски за романот ќе напише: ,,Роман што се голта во еден здив, ама тешко се вари, поради мачните пораки на себеуништувањето што со себе ги носи”.

„Години од слама“ е петти роман на Ташковски. Тој е автор на дваесет и две поетски книги, пет драми и една книга есеи, преведуван е на повеќе јазици и добитник е на наградите „Браќа Миладиновци“, „Рациново признание“ и „Ацо Шопов“.

Можеби ќе ве интересира

Вистината излезе на виделина: „Матица“ објави втор том од „Табу – време на страв и страдање“ од Стојков – за првпат објавени досиеја и спомени за геноцидот врз Македонците од Пиринска Македонија

ДЕСК

Mozzart продолжува со Театарот на хуманоста: Полна сала за „Ивона, принцезата од Бургунд“

ДЕСК

Со книгата „Фудбал под сенка“ продолжуваат да живеат приказните на легендарниот Васил Рингов

ДЕСК