Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Седуммина повредени во сообраќајна несреќа на патот Тетово – Попова Шапка

Седум лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Тетово-Попова Шапка, во село Гајре.

Според информациите на полицијата, во несреќата учествувале „форд транзит“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(25), автомобил „бе-ем-ве“ управувано од А.Р.(64) и „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(38), сите од село Шипковица, тетовско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници во возилото „форд транзит“ на возраст од 17 и 16 години, додека останатите пет сопатници во истото возило се здобиле со телесни повреди. Сите повредени биле пренесени во болницата во Тетово каде им била укажана лекарска помош.

Можеби ќе ве интересира

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК

Драма на „Туристичка“: 17-годишен велосипедист удрил во автомобил – итно пренесен во болница

ДЕСК