Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Вонредна временска најава: Се враќа невремето во Македонија

Утре времето ќе биде претежно стабилно и суво, со услови за краткотраен дожд на северозапад. Од четврток попладне до петок до крајот на денот ќе биде нестабилно со повремено пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. На места, особено во јужните делови врнежите ќе бидат пообилни.

Прогноза за 23.05.2019
Минимална температура: 7°C до 14°C
Максимална температура: 21°С до 27°C
Сончево со умерена облачност. Попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта.

Прогноза за 24.05.2019
Минимална температура: 6°C до 14°C
Максимална температура: 18°C до 25°C
Променливо облачно со локален пороен дожд и појава на грмежи. На места, особено во јужните делови врнежите ќе бидат пообилни.

Прогноза за 25.05.2019
Минимална температура: 5°C до 13°C
Максимална температура: 21°C до 28°C
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.

Можеби ќе ве интересира

30 годишна скопјанка нападната од друга женска личност пред познат локал во центарот на Скопје

ДЕСК

Групна тепачка во центарот на Скопје во која учествувале тројца скопјани и еден Германец

ДЕСК

Апсење на радовишанец во Скопје: Се тепал со тројца скопјани и агресивно се однесувал

ДЕСК