12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Градиме по план, се реализираат 80 инфраструктурни проекти во должина од 700 километри

Владата предводена од СДСМ за само една и пол година во инфраструктурата успеа да направи многу повеќе од она што ВМРО-ДПМНЕ го правеше цели 11 години, соопшти партијата.

Според СДСМ, по наследувањето на автопатот Миладоновци – Штип со многубројни пропусти и едвај направени помалку од 50 отсто, набргу автопатот целосно е изграден. Решен е проблемот со експропријација на земјиштето, поставени се заштитни мрежи, а во моментот се градат сервисни патишта и се прави поврзување на натпатниците. Во моментот се реализираат над 80 проекти за изградба и реконструкција на патишта во вкупна должина од 700 километри. Она што е особено значајно, првпат по 30 години, истовремено се градат четири моста.

„Одговорниот однос на Владата предводена од СДСМ во делот на инфраструктурата се гледа и во тоа што истата фирма што го гради автопатот Миладиновци – Штип за експресниот пат
Крупиште – Кочани дала трипати пониска цена за градежни материјали и изградба, односно трошоците за изградба на овој експресен пат е трипати пониска од трошоците за изградбата на автопатот Миладиновци – Штип. Владата предводена од СДСМ останува посветена на развој и унапредување на патната инфраструктура, продолжува реконструкцијата и изградбата по план на патни правци во целата држава“, се наведува во соопштението.

Спонзорирано: