Centar.mk
КУЛТУРА

Подарок книга во чест на јубилејната 20-та Литературна манифестација „Илинден“

Дел од граѓаните на Општина Илинден кои деновиве пазаруваа во маркетите, во кошничката со купените прехранбени производи на подарок добија книга. Дарувањето книги е во чест на 20-та јубилејна Литературна манифестација „Илинден“, со цел пишаниот збор да се доближи до што поголем број граѓани, a во насока на интензивирање и промовирање на современите културни достигнувања.

Во акцијата се вклучија и неколкумина реномирани македонски писатели како Раде Силјан, Паскал Гилевски, Блаже Миневски, кои во друштво на градоначалникот Жика Стојановски во неколку маркети на граѓаните им подаруваа дел од нивните авторски книги.

????????????????????????????????????

Можеби ќе ве интересира

Објавена „Македонската борба за државност меѓу Сцила и Харибда“ од Владо Поповски – значајни дела за македонската историографија по повод 35 години „Матица“

ДЕСК

Објавен романот „Немам страв“ од Трајче Стамески – психолошки трилер каков што македонската книжевност досега немаше

ДЕСК

Саем на книга ќе се одржи од 23 до 29 април 2026, под слоган “Отвори прозорец кон нови светови”

ДЕСК