Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Тамара Тодевска вечерва ќе настапи осма во евровизиското финале

Македонската претставничка, Тамара Тодевска вечерва ќе настапи осма по ред во финалето на годинешниот Евросонг, во Тел Авив, Израел.

Тамара ќе се претстави со песната „Proud“, зад која како автори стојат Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а стиховите се дело на Коста Петров, коj е дел од евровизискиот тим во Израел.

Во финалето на Евровизија својот пласман го обезбедија 20 земји, по десет од двете полуфиналиња, а ќе настапат и претставникот на земјата домаќин Израел, и претставниците на големата петорка: Шпанија, Германија, Италија, Франција и Велика Британија.

Во ревијалниот дел на финалето ќе пее Мадона.

Последен македонски претставник што пеел во финалето на Евросонг е Калиопи. Таа во 2012 година пееше во Баку, Азербејџан, со песната „Црно и бело“.

Мотото на годинашниот евровизиски избор е „Осмели се да сонуваш“.

Можеби ќе ве интересира

Манасиевски: Фактите докажуваат дека немало забрана за Алта банка за работење во ЕУ, а Рајфајзен имала договор со групацијата на Мацура, СДС повторно фатени во лага

ДЕСК

ПОЛИТИЧКА ПРЕПИСКА ЗА „АЛТА БАНКА“ – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со спротивставени тврдења

ДЕСК

Засилени акции против дрвокрадството: За еден месец запленети 734 кубни метри дрва и поднесени 147 пријави

ДЕСК