6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Пет големи банки ќе платат казна од 1 милијарда евра

Европската комисија (ЕК) објави денеска дека казнила пет банки со 1,07 милијарди евра за учество во картели, пренесува „Спутник“.

„Во две спогодбени одлуки, Европската комисија казни пет банки за учество во два картели на девизниот пазар за 11 валути – евро, британска фунта, јапонски јен, швајцарски франк, американски долат, канадски долар, новозеландски и австралиски долари, и дански, шведски и норвешки круни”, рече Европската комисија.

Првата одлука (“Forex — Three Way Banana Split” cartel) наметнува вкупна парична казна од околу 811 милиони евра за „Барклис“, „Ројал бенк оф Скотланд“ (РБС), „Ситигруп“ и „ЏП Морган“. Втората одлука (“Forex- Essex Express” cartel) наметнува вкупна парична казна од речиси 258 милиони евра за „Барклис“, РБС и „МУФГ бенк“ (порано „Банка Токио-Мицубиши“).

Според Брисел, банките ги формирале тие картели за да влијаат на 11 различни валути, вклучувајќи го и еврото, американскиот долар, фунтата, јапонскиот јен, швајцарскиот франк и други.

Спонзорирано: