Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ИнтервјуТОП ВЕСТИ

Интервју со Ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски: Со новините што ги внесуваме Универзитетот Св. Кирил и Методиј ќе стане поатрактивен за домашните и за странските студенти

Centar.mk интервју со Ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски.

Centar.mk: Наскоро ќе се одбележи патрониот празник на Универзитетот, што би издвоиле како посебен придонес на Универзитетот за време на неговото седум децениско функционирање?

Проф. д-р Никола Јанкуловски: Значењето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ во Скопје  е непроценливо и клучно за развојот не само на високото образование во нашата држава туку и за развој на нашето општество, за развој на државата во сите нејзини сегменти, во целина. Од овој Универзитет  започнувала и сè уште започнува секоја напредна мисла поврзана со нашата повоена историја и државност. Токму кадрите кои произлегоа од факултетите на УКИМ ја изградија македонската државност и на некој свој начин придонесоа за денес да бидеме таму кај што сме, да бидеме држава, да имаме суверенитет, идентитет и современо ориентирано општество. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, е првата и најстарата образовна институција во државата и тоа е она што е најважно да се има предвид секој пат кога се зборува за вредности и достигнувања. Тоа е она што треба да нè прави горди сите што на кој било начин сме поврзани со процесите што се одвиваат на оваа институција под закрила на вечната желба за учење и интелектуална надградба.

 

Она по што УКИМ е препознатлив се квалитетното образование и стручниот професорски кадар. Какви заложби правите со цел Универзитетот да го задржи ваквиот примат?

Чекорењето напред, односно развојот е процес, прогресивна тенденција, така што подобрување на статусот на самиот универзитетот како и она што им го нудиме на студентите, никогаш не застанува. Како менаџмент, во спрега со академскиот и административниот персонал, напорно работиме на унапредување на работата, на квалитетот на образовниот процес на сите три нивоа, на симбиоза на науката и образованието, на практиката и науката и на најквалитетна подготовка на нашите кадри за потребите на пазарот на трудот. Тоа е дел од една подолгорочна стратегија која се адаптира на современите трендови во науката, образованието и на поширокото општествено опкружување. Токму оваа година УКИМ ја донесе новата Стратегија за развој на Универзитетот за периодот 2019-2023 во која ги дадовме приоритетите за развој на Универзитетот. Една од активностите, од каде пак, ќе произлезат сите останати промени е воспоставување на Канцеларија за управување со квалитет на Универзитетот, чие формирање е во тек. Оваа канцеларија ќе придонесе за воспоставување на унифициран систем од процедури, протоколи и документи со кои ќе се дефинираат, ќе се планираат, ќе се управуваат, ќе се контролираат и ќе се евалуираат сите постојани и предвидени активности. Во тек е потпишување на Меморандум за соработка со Министерството за иселеништво за соработка околу обединување на нашата интелектуална дијаспора. Ова резултира во формирање на посебна алумни канцеларија која ќе ги мапира и комуницира нашите алумни во странство, односно нашата интелектуална и научна дијаспора. Поединечно се работи и на други активности кои, исто така, ќе влијаат за подобрување на целосното функционирање на универзитетот, дали во наставно-едукативниот дел, во административното работење, истражувачката дејност и така натаму.

 

Кои сè проекти беа остварени и какви промени настанаа на УКИМ, за време на вашата функција како Ректор на Универзитетот?

Започнати се многу процеси, за кои со време ќе се докажат придобивките. Некои започнаа како иницијативи за кои треба време да созреат во конкретни чекори. Додека пак, други веднаш стапија на сила и веќе, внатре, структурата ги чувствува бенефитите. Сепак, една од најважните работи во која вложивме напори, знаење и енергија е создавањето на Центар за трансфер на технологии. Целта ни беше да ги преточиме во пракса технолошките иновации кои се генерираат на нашите факултети во бизнисот. Да овозможиме да се комерцијализираат иновациите преку формирање на така наречени спин-оф компании кои ќе овозможат поврат на вложените средства и знаење. Самиот назив зборува за важноста на овој проект и затоа потребно е да функционира беспрекорно. Преку овој центар ќе се унапредува науката, истражувањето и образованието. Истиот ќе придонесе за размена на информации за достигнувањата и искуствата во дејностите на факултетите и институтите на централно ниво, а соработката ќе се прошири и во трансферот на знаења. Што се однесува пак, до наставната дејност, ги интензивираме активностите за зголемување на бројот на студиски програми достапни на англиски јазик. Тоа, ќе придонесе нашиот универзитет да стане поатрактивен за странските студенти, а исто така ќе помогне при реализирањето на заеднички студиски програми (joint degree) и подобрување на уписната политика. Така што, Универзитетот во моментов работи на реализација на два големи проекти за joint degree со Универзитетот Albany – Њујорк. Тоа се само неколку новости, што ќе внесат значителна промена, а паралелно се работи и на други, подеднакво суштински проекти.

 

Што се прави на планот за УКИМ да биде вклучен во светските ранг листи?

Влегувањето во светските листи е валоризирано од повеќе аспекти и зависи од повеќе варијабли. Ако зборуваме за Шангајската листа, треба да имаме предвид дека тоа е своевидна инвестиција и потребно е многу вложување, а исто така, не е ад хок промена, туку е процес кој се одвива барем неколку години. Јавноста треба да знае дека оваа листа се прави врз основа на шест индикатори за бодирање односно рангирање, вклучително и нобеловци кои работат во склоп на универзитетот. Постојат и други услови што би требало да ги исполниме, некои ги можеме, некои не, но постои начин а ние имаме капацитет да постигнеме повисок рејтинг. Покрај оваа, постојат и други листи, коишто, исто така се релевантни но, најмногу во привлекувањето странски студенти, а ние преку други активности на кои веќе работиме можеме да го постигнеме тоа. Од друга страна, листите нѝ покажуваат каде сме и како другите нè оценуваат, а тоа секогаш е насока за подобрување, на што веќе работиме.

 

Дали имате во план или веќе успеавте да обезбедите соработки со менаџерите од државава што умеат соодветно да го евалуираат потенцијалот на македонскиот кадар и на тој начин да ги обезбедат идните дипломци од УКИМ во тимовите на своите компании?

Направено е, и сè уште се прави многу на тоа поле. Сè повеќе македонските компании и менаџерите пројавуваат интерес за вработување на образован и обучен кадар, кој своето високо образование го оформил на нашиот Универзитет. Потпишани се многу меморандуми за соработка со кои е опфатено токму ова прашање. Досегашните такви примери покажаа задоволство на двете страни, студентите се повеќе мотивирани и тоа ја поттикнува нивната амбициозност во постигнување подобри резултати, а компаниите добиваат високо образован и квалитетен кадар подготвен да се вложи во целите на компанијата. Преку Еразмус плус програмата, почнуваме да обезбедуваме и практикантска работа за нашите студенти во странство, со што уште повеќе ги подобруваме нивните капацитети и квалитети за потребите на домашниот но и за меѓународниот пазар на труд.

 

Kакви се вашите идни планови и активности во поглед на Универзитетот?

Како што плановите произлегуваат од желба, така амбицијата добива елан и си поставува поголеми цели. Планови постојат многу, а желби уште повеќе. Но, исто така има и извесни, објективни ограничувања. Сите тие се планови и структурни промени што треба да се променат и што ќе го подобрат статусот на универзитетот и ќе го подигнат квалитетот. Но, она што лично го сакам и тежнеам да го постигнам е да видам секој млад студент со големи амбиции да се запишува на некоја од факултетските единици на УКИМ, а кога ќе излезе од овој универзитет со гордост да го носи називот стекнат тука и со знаење и интелект да го демонстрира тоа.  Она на што ги фокусирам заложбите се подигнување на рејтингот на Универзитетот преку поголема интернационализација во делот на размена на студенти, професори и заеднички проекти и студиски програми со странски универзитети, поширока општествена активност преку соработка со бизнис секторот и државните институции и јакнење на соработката со нашите алумни во земјава и надвор од неа.

 

Според Вас, дали високото образование доволно се цени во нашата држава и колку е неопходно за кариерен напредок?

Бездруго да, се цени, и тоа навистина многу. Мислам дека во државата има прилично голем број граѓани со високо образование, прв, втор и трет степен. Тоа не е спорно, меѓутоа, се плашам дека често се случува повеќе да се цени дипломата отколку стекнатото образование. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ бил и остана расадник на знаење. Сентенцата „најстар и најдобар“ универзитет во нашата земја, постојано се докажува во сите меѓународни рангирања и она што е најважно – се докажува на пазарот на трудот, на кој постои силна конкуренција на кадри кои дипломирале на различни универзитети. На нашиот пазар но и на глобалниот пазар на труд се докажува квалитетот на нашите кадри. Нашите алумни во светската наука и бизнисот се наша гордост и доказ за квалитетот на образованието што е стекнато на нашиот Универзитет.

 

 

Која е вашата порака до младите луѓе, зошто да ги започнат своите додипломски студии на УКИМ?

– Образованието е инвестиција во иднината. Знаењето е сила и моќ во сите времиња и во сите општества. Единственото нешто кое никој не може да ви го одземе, а кое може да ве вивне во височина е знаењето. Затоа младите треба да се мудри и да го направат најдобриот избор за себе, во оваа смисла. Седумдесет годишната традиција, искуството, експертизата во многу различни области, интегрираноста на знаењата од различни научни области, меѓународната етаблираност, напорите постојано да се биде во чекор со најсовремените и најдобри практики на високото образование, научните достигнувања и квалитетот на знаењата во што максимално вложуваме се факти за  избор на најдобриот извор на знаење и наука. УКИМ – нашата alma mater нека биде гордост и избор и на многу други млади луѓе – кои се идните градители на нашето општество и пошироко.

 

 

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Нов силен земјотрес го погоди Чиле: Се слушна силен звук

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Чиле. Според EMSC, земјотресот се случил во 14:33 часот по локално време. Епицентарот на земјотресот бил на… Прочитај повеќе

Полицијата им е зад пети на кластерот интернет терористи осомничени за дојавите за бомби во Македонија?

Деновиве во Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија на сличен принцип како и во Македонија стигнаа десетици дојави за бомби во училишта и образовни институции, пишува Centar.mk. Во Бугарските медиуми… Прочитај повеќе

Го вклучија црвениот аларм: Америка итно ги повика своите граѓани да ја напуштат Русија

Американскиот Стејт департмент издаде итно предупредување до своите граѓани да не патуваат во Русија. Во соопштението се наведува дека на сите американски државјани во Русија им се препорачува што поскоро… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе