Centar.mk
МОЗАИК

Дански политичар води кампања за избори на „Порнхаб“

Данскиот политичар Јоаким Б. Олсен одлучил неколку месеци пред изборите својата кампања да ја промовира на порносајтот „Порнхаб“.

„Да тоа сум јас на ‘Порнхаб’“, напиша Јоаким на „Фејсбук“.

Јоаким е поранешен олимписки вицешампион во фрлање кугли и е член на Либералната aлијанса на десниот центар од 2011 година. Тој во рекламата се појавува во костум и со слоган со кој порачува сите посетители на сајтот да гласаат за Јок (Јок е неговиот прекар).

„Нема граници колку далеку би отишол за нацијата. Ако тоа вклучува и реклама на ‘Порнхаб’ за да го тргнам Расмус Палудан (неговиот ривал) од странските медиуми, ќе се жртвувам за тоа“, рече Јоаким.

Тој додаде дека мора да бидете таму каде што се гласачите и објасни дека 95 отсто од неговата кампања е сериозна и дека има простор за малку забава.

Изборите за данскиот парламент ќе се одржат на 5 јуни.

Можеби ќе ве интересира

Јуни ќе биде нивниот месец: Три хороскопски знаци ги очекува голем пресврт

ДЕСК

Кога се спојуваат бизнисот и уживањето: Туркије во подем како глобална дестинација за деловни средби, конференции и настани

ДЕСК

СТАРИ МАКИ, НОВИ ОДЛУКИ: Хороскопот за 5 јуни открива кој треба да стави точка

ДЕСК