Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

26 годишник направил хаос во кафеана во Горно Лисиче – Извадил пиштол и се заканувал, а потоа следувала реакција на пријателите

На 16.05.2019 година во 02.27 часот во СВР Скопје, А.П. пријавил дека во угостителски објект во Горно Лисиче, 26 годишник од Скопје му се заканувал со пиштол. Исто така, според пријавата, А.П. со негови пријатели успеале да му го одземат пиштолот и да го задржат 26 годишникот до доаѓањето на полиција.

Лицето било приведено и предадено во Полициска станица Аеродром, а пиштолот бил одземен.

По целосно документирање на случајот против 26 годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +