Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Седум лица повредени во Скопје

Во текот на изминатиот ден (13.05.) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 12 сообраќајни незгоди во кои седум лица се здобиле со лесни телесни повреди.

Од преземени мерки и активности од сообраќај биле исклучени 13 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Покрај ова, седумина возачи се санкционирани минување на крстосница на црвено светло, седумина поради недавање првенство на минување на пешаци, четворица возачи се казнети поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување. Исто така, санкционирани се тројца возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, петмина – поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 18 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Напоредно со овие мерки од сообраќај биле исклучени 31 возило од кои пак 18 биле нерегистрирани а на 13 им била истечена важност на сообраќајна дозвола. Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и двајца – поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 70 мандатни платни налози а 52 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Можеби ќе ве интересира

Аларм за невреме: Обилни врнежи и силен ветер ќе ја погодат Македонија!

ДЕСК

Мицкоски на отворање на Домот на културата „11 Октомври“ во Гази Баба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

ДЕСК