12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Повреден 13 годишен ученик итно донесен во Ургентен

На 13.05.2019 година во 15.12 часот во СВР Скопје од Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен повреден 13-годишен ученик од основното училиште „Петар Здравковски Пенко“ во Чаир.

По преземени мерки било утврдено дека во спортската сала во училиштето ученикот бил физички нападнат од повеќе ученици од истото училиште. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.