Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Осумнаесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа во Тетово

Осумнаесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Тетово.

Според информациите на МВР, вчера околу 22:40 часот на крстосницата од ул. „160“ и ул.„161“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „рено“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(20) од Тетово и „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.З.(18) од Тетово.

На местото на несреќата животот го загубил Ш.Љ.(18) од Тетово, сопатник во „аудитo“, додека, пак, со тешки телесни повреди се здобил вториот сопатник во истото возило, Е.М. од Тетово. Поради сериозноста на повредите, тој е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. Причините засега се непознати.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК

МАКЕДОНСКИОТ ПАСОШ ОТВОРА 114 ДЕСТИНАЦИИ СО ОЛЕСНЕТ ВЛЕЗ – Но не секаде може да се патува без виза

ДЕСК