14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Јубилеен 50-ти “Детски семафор”

Во амфитеатарот на Техничкиот факултет во Битола, свечено беше отворено 50-тото издание на натпреварот „Детски семафор“. Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата е организатор на овој натпревар, во кој учествуваат ученици од 16 основни училишта од Пелагонискиот регион. Општина Битола и годинава традиционално го поддржува организирањето на „Детски семафор“, а градоначалничката Наташа Петровска го прогласи за отворен натпреварувачкиот дел од оваа масовна манифестација.

„Општина Битола секогаш ќе ги поддржува ваквите активности, во кои се препознаваат идеите, децата од најмала возраст да ја градат сообраќајната култура, исклучително значајна, затоа што таа е клучна за безбедносниот момент на нашите граѓани, а воедно и на децата. Во оваа прилика се радувам што имаме толкав број на учесници кои што потврдуваат дека ваквата традиција не е случајна“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Натпреварот годинава е поддржан и од Авто мото друштвото „Ѓорѓи Наумов“, Здружението на возачи „Еуротест“, Народна техника, СВР Битола, Технички факултет и јавните претпријатија „Комуналец“ и „Нискоградба“.

dav
dav
dav
dav
dav

Можеби ќе ве интересира

Важна вест за скопјани: Утре и задутре сообраќајот на овие сообраќајници ќе биде ПОД ПОСЕБЕН РЕЖИМ!

ДЕСК

Известување за нов сообраќаен режим за еднонасочен сообраќај на улица “Белградска”

ДЕСК

80 години гордост, страст и традиција – ФК Пелистер

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.