Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Врнежи, грмежи и силен ветер – УХМР со вонредна временска прогноза

Под влијание на серија влажни бранови денес попладне и во наредните денови времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд (над 50 л/м2, а во крајните западни и југоисточни делови и над 70 л/м2 за целиот период). Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.

Прогноза за 13.05.2019
Минимална температура: 7°C до 14°C
Максимална температура: 14°С до 19°C
Oблачно и нестабилно со врнежи од дожд, на места обилни, локално и во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и со услови за појава на град.

Прогноза за 14.05.2019
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 14°C до 20°C
Променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд, на места обилни, локално и во форма на невреме со грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 15.05.2019
Минимална температура: 7°C до 12°C
Максимална температура: 15°C до 20°C
Променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд, на места обилни, локално и во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и со услови за појава на град.

Можеби ќе ве интересира

Пораснал бројот на невработени во Македонија

ДЕСК

НЕОЧЕКУВАН РАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СКОПЈЕ ПОД НАПНАТОСТ: Физичка пресметка во познат угостителски објект среде бел ден во центарот на градот

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.