23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски открива: Постојат индиции дека Диво Насеље се случило за да се сопре објавувањето на прислушкуваните материјали

Ова е размислувањето на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој во телевизиско гостување во емисијата Клик Плус на Тв21, изрази соменвање дека целата акција, претохдната власт ја спровела со цел запирање на прислушуваните разговори во јавноста, односно т.р. „бомби“.

-Тоа беше во период кога излегуваа бомбите. Постојат индиции дека тоа било организирано за да се спречат бомбите, и тоа треба да се испита“, изјави Спасовски, во вечерашното гостување на ТВ21.

Инаку во екот на познатите политички бомби кои ги објавуваше тогашната опозиција предводена од Зоран Заев околу тешки криминални активности на режимот, се случи нападот во кумановското Диво Насеље, во истите денови кога требаше да се случи најмасовниот сенароден протестен митинг на тогашната опозиција. По инцидентите во Диво Насеље, бомбите и протестот беа одложени, но не и откажани, а на тогашните провладини медиуми се сееше страв и немир меѓу граѓаните со цел да се демотивираат демонстрантите да излезат на финалниот протест на тогашната опозиција кој го зададе последниот удар на режимот.