Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Иванов побара пари за канцеларии од Владата на Северна Македонија

Ѓорге Иванов денеска, на последниот работен ден пратил барање до Службата за општи и заеднички работи при Владата на Република Северна Македонија.

Во барањето кое било согласно она што му следува на секој екс-претседател, стои дека Иванов веќе пронашол канцелариски простор, кој во иднина ќе го плаќа државата.

Иванов најавил дека нема да се врати на професорката кариера, туку ќе ја користи можноста во улога на екс-претседател да ја користи пензијата која му следува во ист износ како и досегашната плата.

Покрај редовна пензија, Иванов ќе добие и канцелариски простор, платени тројца соработници, лично обезбедување, државно возило и возач.

Денеска е последниот работен ден за Ѓорге Иванов, а во недела ќе биде инаугуриран новиот Претседател Стево Пендаровски.

Засега е непознато дали во барањето тој го искористил новото Уставно име на земјава, Република Северна Македонија или пак и натаму продолжил да го користи старото име Република Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Јавни расправи на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: На Филипче и СДС им пречи тоа што Македонија напредува, за нив напредок е само преку национални отстапки

ДЕСК

ВМРО-ДПМНЕ испорачува, отпочнува процесот за приклучување на Македонија кон европскиот роаминг-простор, вели владеачката партија

ДЕСК