Centar.mk
КУЛТУРА

Концерт на АКУД „Мирче Ацев“ во АРМ по повод 70 години постоење

Aкадемското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ на 20-ти мај во Домот на АРМ ќе одржи целовечерен свечен концерт, по повод одбележувањето на 70-годишнината од своето постоење.

На концертот ќе настапат фолклорниот и хорскиот ансамбл на друштвото како и неговиот народен оркестар. Солистка ќе биде пејачката Елена Петреска.

Во текот на следниот период се предвидени голем број настапи и концерти, а во летниот период, пак, во план е и одржување на 40-то издание на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал.

Концертот е закажанн со почеток во 19:30 часот.

Можеби ќе ве интересира

Утревечер во „Љубов“ започнува караванот за младинска, алтернативна и критичка култура „Тригер“ на Култура Бета

ДЕСК

Педесет ракописи во конкуренција за наградата „Пегаз“ за 2026 година

ДЕСК

Детската ликовна работилница „Ѕвездена ноќ“ го отвора јубилејот – 40 години Ван Гог Бар

ДЕСК