Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Заев: Утре продолжуваат разговорите за СЈО

Премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање, најави дека утре ќе се одржи нова средба за иднината на специјалното јавно обвинителство. Тој очекува напредок и да биде постигнат договор со опозицијата.

„Утре ќе се одржи следната средба. Ме извести министерката дека се слушнала со лидерот на преговарчаката група од најголемата опозициска партија. Утре веќе ќе остварат средба“, рече Заев. Тој рече дека има надеж за договор за Законот за јавното обвинителство, кој се однесува и на иднината на СЈО.

„Според мене, има исчекор и надеж дека двете страни ќе постигнат договор бидејќи броени се деновите до затворање на извештајот на ЕК“, рече Заев.

Последниот предлог на Министерството за правда предвидуваше државниот јавен обвинител заедно со уште двајца обвинители од ЈОРСМ да одлучуваат за иднината на истрагите, дали да ги води СЈО или Обвинителството за гонење организиран криминал и коруцпија. Според предложениот закон, бомбите заминуваат во историјата, а неизвесна е иднината на отворените истраги за функционери на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Можеби ќе ве интересира

Смени и освежување во ВМРО ДПМНЕ: Избрани 30 нови претседатели на општински комитети, познати се имињата

ДЕСК

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК