Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски најави: По негативните искуства од минатото, полицијата конечно е заштитник на граѓаните

Чест ми е што се обраќам денес пред вас, по повод Денот на полицијата, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во своето денешно поздравно обраќање по повод одбележувањето на 7 Мај, кое се одржа во кругот на Министерството за внатрешни работи.

Министерот нагласи дека полицијата се соочила со многу предизвици кои, како што кажа, биле резултат на општествено-политичките текови во земјата, но и резултат на негативни исуства во минатото.

„Денес МВР веќе јасно ги има контурите на институција што претставува заштитник на слободите и правата на граѓаните, на нивната сигурност и безбедност, како и на сигурноста и на безбедноста на општеството во целина“, посочи Спасовски додавајќи дека полицијата зачекорила во период на интензивни и динамични реформи, работејќи заедно со меѓународни партнери, академската јавност и граѓанското општество.

Министерот нагласи и дека полицијата, како реален сервис на граѓанте, ја очекуваат и нови, важни задачи, чијашто основа е владеењето на правото.

„Нашата држава, по деценискиот застој, направи извонредно голем чекор напред во конечното остварување на примарната стратешка цел на државата – наше целосно, полноправно асоцирање во евро-атлантските интеграции. Тој чекор мора подготвено да го следат сите институции на системот и следствено на него да се надградуваат, унапредуваат, професионализираат, стандардизираат. Полицијата тоа, без дилема го прави“, истакна тој.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК