22.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk/илустрација
МАКЕДОНИЈА

Двајца малолетници повредени при каменување автобус во Скопје

Двајца малолетници се повредени при каменување автобус во Скопје. Инцидентот се случил вчера околу 21 часот кога во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот АВНОЈ, по завршување на кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите „МЗТ Скопје“ и „Работнички“, лицe фрлилo камен кон автобус што ги превезувал навивачите на Кошаркарскиот клуб „Работнички“. Притоа го скршил прозорско стакло.

Х.Н. (17) и М.Б. (17), двајцата од Скопје, добиле повреди и им била укажана помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.