Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Граѓаните избраа претседател што води напред

На слободни, фер и демократски избори граѓаните масовно го поддржаа Стево Пендаровски и концепт што води заедно напред, соопшти владејачката партија.

„Им благодариме на граѓаните за поддршката и јасната определба напредокот да продолжи, преку заедништво и интеграции. Предноста од првиот круг стана јасна, убедлива победа во вториот круг од претседателските избори.

Мнозинството граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите останати застанаа зад Стево, вистински претседател на сите граѓани.

Република Северна Македонија конечно доби претседател кој обединува, кој е подготвен да работи во интерес на сите граѓаните, за националните и државни интереси.

Со Стево Пендаровски продолжуваат позитивните промени, продолжува напредокот, државата уште поцврсто зачекорува по патот на заедништвото, напредокот и интеграцијата во ЕУ и НАТО“ се вели во партиското соопштение.

Можеби ќе ве интересира

МИСТЕРИЈА ЗА КОЈА СЕ РАСПРАШУВААТ МНОГУМИНА, НЕКОЈ ВО МАКЕДОНИЈА ОДЛУЧУВА КОИ ВЕСТИ ЌЕ ГИ ВИДИТЕ – Но кој одлучува што ќе остане скриено од вашите очи?

ДЕСК

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ОСТАНУВА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК – Мицкоски со ново појаснување за практичниот дел

ДЕСК

УХМР СО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следува силен ветер и значително повисоки температури!

ДЕСК