Centar.mk
ЛОКАЛНО

Привремено ќе се дислоцираат контејнерите од улиците во општина Центар

Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ ги информираат жителите од општината Центар, дека во пресрет на апостолската посета на папата Франциск ќе бидат спроведени безбедносни мерки коишто налагаат привремено дислоцирање на садовите за исфрлање на отпадот.

Имено, вечер (6.05.2019 година), околу 22 часот ќе бидат дислоцирани контејнерите на 45 локации на следните булевари и улици: Гоце Делчев, Свети Климент Охридски, Мајка Тереза, Даме Груев, Филип Втори Македонски, ВМРО, Орце Николов, Митрополит Теодосиј Гологанов, Кирил и Методиј, како и на кејот „13 Ноември“. Дислоцираните садови за исфрлање на отпадот ќе бидат вратени на своите локации околу 22 часот утревечер (7.05.2019 година).

Апелираме до граѓаните во меѓувреме да се воздржат од исфрлање на комуналниот отпад, велат од Град Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК