22.8 C
Скопје
19. јуни 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија ТОП ВЕСТИ

(видео) Стево Пендаровски прогласи победа – Што објави вечерва од Бихаќка?

Од штабот на претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата се обратија Стево Пендаровски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кои прогласија победа на претседателските избори.

“Ви благодарам граѓани и граѓанки, Македонци, Албанци, Роми, Турци, Бошњаци, Власи и сите други кои на кристално чисти избори одлучивте да продолжиме заедно напред. Ова денес беше нашата достоинствена победа, ова беше нашиот мудар народ, кој независно од етничка или политичка припадност се обедини и рече заедно напред, никако повеќе режим”, изјави Пендаровски.

“Свечено сакам да објавам дека ќе им служам посветено на сите. Исходот од претседателските избори значи загарантиран пат напред во сојузите на НАТО и ЕУ. Излеговме од темното дно. Овие избори се победа на обединувањето и заедништвото, бидејќи само така е возможно да одиме напред. Се придружувам на водството во оваа држава. Ќе се залагам за правичност и правна држава, ќе обединувам, нема да делам. Ќе бидам фактор на стабилност, а не фактор на кризи. Благодарам за поддршката на Зоран Заев и на 31-та политичка партија. Благодарам и до моите противкандидати Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река. Ќе бидам претседател на сите. Ќе бидам претседател на државата од која нема да се срамите, и тука и во странство. Продолжуваме напред”, рече Пендаровски.