Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Хан му ја честита победата на Пендаровски

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан му ја честиташе победата на новоизбраниот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

-Честитки до Стево Пендаровски за неговиот избор за претседател на Република Северна Македонија, со нетрпение очекувам континуирана соработка за ЕУ агендата во контекст на минатогодишните заклучоци на Советот кои го отворија патот кон старт на преговорите за членство во јуни, напиша Хан на Твитер.

Хан додаде дека Северна Македонија може да смета на континуираната поддршка од ЕУ за европската перспектива на земјата, согласно аспирациите на народот.

Можеби ќе ве интересира

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК ПРЕД СУД – Се бара усогласување на 140-те денари со инфлацијата

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Банкротирањето на Еуростандард банка во време на СДС е класичен пример дека СДС и Филипче сакаат банки да пропаѓаат, граѓаните да останат без своите пари, а државата ништо да не направи

ДЕСК

ВЛАЖНИ ПАТИШТА И ОПАСНОСТ ОД ОДРОНИ – АМСМ со предупредување за возачите

ДЕСК