Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ДИК: До 19 часот излезноста во ДКП-ата е 46,16%

Државната изборна комисија на последната прес конференција за денеска ги сумираше податоците за денешното гласање на болните и изнемоштените, затворениците и дијаспората. За гласање во Дипломатско конзуларните претставништва се пријавиле 1781 гласач.

-Сѐ уште се отворени 6 гласачки места во САД и Канада. До 19 часот, според информациите од избирачките одбори, вкупната излезност од гласањето во странство изнесува 724 гласачи, односно 46,16%. Во оваа излезност, поради временската зона, не се вклучени шесте избирачки места во САД и Канада, изјави портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска и додаде дека највисока излезност имало во Букурешт, Сараево, Брисел, Берлин.

На 13-те гласачки места во казнено-поправните установи право на глас имаа 1640 гласачи. Гласањето поминало непрекинато и без проблеми и до 19 часот гласале 74,13% од запишаните.

Во единствениот центар за внатрешно раселени право на глас имаа 7 лица.

-На овие претседателски избори првпат гласаа гласачи во два старечки дома во Скопје, а од 71 гласач, правото на глас го остварија 65, односно 91,54%, рече Гугучевска.

Избирачките одбори беа одговорни за гласањето на болни и немоќни или лица во куќен притвор.

-Во своите домови, гласачкото право го остваруваат 4407 граѓани кои се пријавиле како болни и немоќни и 12 кои се пријавиле како лица во куќен притвор. Гласањето трае додека не добијат можност да гласаат сите кои се пријавиле, објасни Гугучевска.

Можеби ќе ве интересира

Африм Гаши по повод денот на ВМРО: 23 Октомври не потсетува на стремежот за правата, еднаквоста и општествената организираност во едно значајно историско време

ДЕСК

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК