Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски поддржа учење на македонскиот јазик во дијаспората, ние го поддржуваме да стане претседател

Здруженијата на Македонците од Егејска Македонија: Пендаровски поддржа учење на македонскиот јазик во дијаспората, ние го поддржуваме да стане претседател

Здружението на децата бегалци и нивните потомци од егејскиот дел на Македонија “Т’га за југ” ја поздравува поддршката на нашето барање која кандидатот за претседател Стево Пендаровски ја изрази за учење на македонскиот јазик кај дијаспората во регионот, во источноевропските земји, западноевропските земји и секаде низ светот.

За нашите членови и за сите потомци на децата бегалци од Егејска Македонија, поддршката за македонските идентитетски обележја е од суштинско значење за нашето битие, дома и насекаде низ светот.

Егејците ја возвраќаат поддршката кон Стево Пендаровски, со надеж дека ќе ја претставува земјата како претседател на сите граѓани, дека постојано ќе биде заштитник на македонскиот јазик и народ и ќе ја внесе државата во НАТО и ЕУ.

Апелираме и ги повикуваме сите Македонци со потекло од егејскиот дел на Македонија во недела на 5 мај, да излезат, да дадат поддршка за Стево Пендаровски, за членство во НАТО и ЕУ со заштитен македонски идентитет.

Здружението “Т’га за југ” го сочинуваат здруженија на Македонците од егејскиот дел на Македонија лоцирани во Скопје, Велес, Штип, Свети Николе, Радовиш, Струмица, Битола.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Очекувам победа во Брвеница

ДЕСК

Мицкоски: ДЗС ги објави конечните бројки: растот на БДП е во нагорна линија од 3,8%, тоа е повторно лоша вест за опозицијата

ДЕСК

Филипче го испрати талогот Жерновски да клевети во јавност, двајцата се исплашени од одговорноста која ги стигнува, тврди ВМРО ДПМНЕ

ДЕСК