22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Пендаровски од Македонска Каменица: Ќе имаме претседател, кој ќе го слуша гласот на народот, а не елитите

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски денеска се сретна со рудари и жители од Македонска Каменица.

Честитајќи го Меѓународниот ден на трудот, Пендаровски порача дека на правата на работниците не треба да се мисли само на овој ден, туку постојано треба да бидат на врвот на агендата на секој полиитчар и ги повика граѓаните во недела масовно да излезат на гласање и да дадат поддршка за концептот што води напред.

Рударите, посочи Пендаровски се пример дека трудот, макотрпната работа секогаш носи резултати, затоа да го следиме нивниот пример и посветено да работиме на обезбедување на европска иднина за нас и нашите деца.

„На гласачкото ливче само формално го пишува името на Гордана Сиљановска Давкова, доколку се гласа за неа, се гласа за враќање на груевизмот. Во недела со гласот за број 3 сигурно одиме во Европа и вие ставате печат груевизмот веќе никогаш да не се врати. Груевизмот беше поразен на парламентарните избори во 2016, на локалните во 2017 година, и доколку и сега биде поразен на претседателските избори дефинитивно никогаш нема да има Груевизам. Со глас за број 3 дефинитивно ќе имаме претседател, кој ќе го слуша гласот на народот, а не елитите. Дел сум од народот, и секогаш ќе бидам“,рече Пендаровски.

Пендаровски побара масовна поддршка и глас за број 3 за продолжување на реформите и заедничкиот пат кон напредокот, развојот и интеграцијата во ЕУ и НАТО.