10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Истражувачка сторија отвора сомнежи како е стекнат имотот: Додека Сиљановска била министерка во Владата, нејзниот сопруг од државата купува куќа во центарот на Скопје

Центар.мк истражуваше по јавно објавената колумна на Мимоза Ристова, во која професорката јавно отвори сомнеж за начинот на којшто е стекната куќата во која живее Гордана Сиљановска, кандидатка на претседател од ВМРО-ДПМНЕ.

Според документите до кои дојде Центар.мк се отвора основан сомнеж на кој начин е стекнат овој имот.

Зошто оваа истражувачка сторија отвора сомнежи?

Додека Гордана Сиљановска била министерка во првата влада во независноста, од 1992 до 1994 година, нејзиниот сопруг Благоја Давков, купил куќа од државата на атрактивна локација во центарот на Скопје.

Ценатр.мк дојде до Договор за купопродажба на недвижен имот (Бр. 8460/1384) од 1993 година помеѓу Република Македонија од една и Благоја Давков од друга страна.

Со овој договор, сопругот на Сиљановска, Давков од државата во којашто неговата сопруга е министерка, купува недвижен имот-куќа со станбена површина од 134 квадратни метри на улица Орце Николов во центарот на Скопје.

Куќата, Давков ја купил по цена од 83.500 германски марки.

Ова е втор случај каде Благоја Давков се поврзува со министерувањето на неговата сопруга Гордана Сиљановска.

Претходно, се појавија информации кои ги потврди и самата Сиљановска, дека за време на нејзиниот мандат во владата, нејзиниот сопруг од државата добил бизнис со фри-шоп кој во тоа време важел за еден од најдоходовните бизниси во државата.

Оваа истражувачка сторија е основ надлежните институции, да истражат на кој начин е стекнат овој имот кој бил во државна сопственост, во време кога Сиљановска била министерка во Владата.

Дали како министерка Сиљановска влијаела на одлуките?

Спонзорирано: