Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Драстично опаѓање на температурите: Викендот носи големо невреме со град, дожд, ветер…

Од сабота попладне до понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (околу30л/м2) и проследени со грмежи, ветер и услови за појава на град.

Во вторник поради спуштање на постудена воздушна маса ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите.

Прогноза за 04.05.2019
Минимална температура: 4°C до 11°C
Максимална температура: 17°С до 25°C
Променливо облачно, попладне најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен јужен ветер

Прогноза за 05.05.2019
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 15°C до 21°C
Облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Прогноза за 06.05.2019
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 14°C до 22°C
Променливо облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Можеби ќе ве интересира

Напишал статус со говор на омраза на социјална мрежа, полицијата му затропа на врата

ДЕСК

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, вели Кузеска

ДЕСК

Андоновски: Ќе потпишеме договор за прифаќање на електронските потписи меѓу Македонија и Црна Гора

ДЕСК