12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Велики петок е најтажниот ден во Христијанството: Еве што треба да направите

Православните христијани го одбележуваат Велики петок во знак на сеќавање на денот кога Исус Христос е распнат на крст. Се смета за најтажен ден во христијанството и на тој ден не се служи литургија во црквите, освен ако не се поклопи со Благовести.

Исто така, од Велики четврток до Велигден не се огласуваат ѕвоната на црквите, бидејќи тоа во православната црква е знак на радост.

За христијаните овој ден е од голема жалост, па се одбележува со строг пост, со воздржување од било каква веселба и прослава, а исто така во народната традиција е на тој ден да не се работи во куќата и на поле. Единствено што се прави е бојадисување јајца и тоа по правило со црвена боја која ја симболизира пролиената крв на Христос.

Христос со воскресението го соединил земскиот свет и рајот, а во рајот пред сите други примил разбојник кој се покајал, давајќи им на сите надеж дека живеењето со покајување не е залудно. Угледувајќи се на Христос, на овој ден им простуваме на оние кои ни згрешиле, ако искрено се покајале.

Исто така, се верува дека на Велики петок не треба да се јадат коприви, најстрого забрането е да се пие вино, бидејќи тоа претставува невино пролиената крв на Исус Христос.

Спонзорирано: