Centar.mk
КУЛТУРА

Во МНТ подготовки за претставата #ТикTак во режија на Синиша Евтимов

Во Македонскиот народен театар во тек се подготовките на современата комедија #ТикTак, која се поставува по мотивите на филмското остварување „TOC TOC“ на францускиот писател Лорен Бафи и шпанскиот режисер Висенте Виљануева, а со адаптација и во режија на Синиша Евтимов.

Преводот на текстот, чиј наслов значи „Trastorno Obsesivo Compulsivo“ (опсесивно-компулсивно нарушување), го направи Благоја Бошковски.

Во претставата играат Јордан Симонов, Александар Микиќ, Николина Кујача, Оливер Митковски, Сашка Димитровска, Тања Кочовска и Александар Михајловски.

Во авторската екипа за реализација на претставата се сценографката Илина Ангеловска и костимографот Александар Ношпал. Извршен продуцент е Виктор Рубен, инспициент е Никола Кимовски, а суфлер е Тања Ивановска.

Премиерата на #ТикTак, МНТ ја најавува за 16 мај на малата сцена.

Поради експлицитните реплики кои се употребени во текстот, претставата е наменета за возрасна категорија на гледачи (+18).

Можеби ќе ве интересира

Десет години, речиси 7.000 подарени книги: „Матица македонска“ за секој ученик во Демир Хисар

ДЕСК

„Без повод за поводи“ од Иван Антоновски во КИЦ: Нови читања на македонската книжевност

ДЕСК

„Германско-македонски училиштен речник“ – нов водич низ светот на германскиот јазик во издание на „Арс Ламина“

ДЕСК