Полициски службеници од СВР Охрид на 30 октомври 2026 година, во 14:30 часот, лишиле од слобода 39-годишен жител на Струга, кој претходно бил затекнат како гори гуми и пластични предмети во близина на Охрид.
Според полициското соопштение, мажот бил затекнат кај месноста „Мечкина дупка“, каде што запалил оган и горел гуми и пластични предмети, од кои вадел бакарни жици.
По целосното документирање на настанот, против 39-годишниот стружанец ќе биде поднесена соодветна пријава.


