Полициска интервенција во угостителски објект на булеварот „Ослободување“ во Кичево. Приведен е 62-годишен жител на градот, кој во видно алкохолизирана состојба викал и непристојно се однесувал. При алкотестирањето му биле измерени 2,23 промили алкохол во крвта.
Против него ќе следува соодветна пријава.


