Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Од утре потопло време, во попладневните часови пороен дожд

Под влијание на топла и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, од утре до сабота следува период на топло време со значителен пораст на температурата на воздухот. Претпладне ќе биде сончево, а во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, информира УХМР.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме и ќе има појава на град и засилен ветер. Особено поинтензивни процеси на повеќе места ќе има в сабота.

Денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне во западните планински предели е можна појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб, а по должината на Повардарјето умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК