3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството бара притвор за возачот осомничен дека усмрти полицаец

Кумановското јавно обвинителство побара притвор за возачот кој е осомничен дека усмрти полицаец. За настанот е отворена истрага, а возачот е осомничен за кривични дела – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

„На 21 април, на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, патничко моторно возило управувано од осомничениот удрило во двајца полициски службеници. Од тежината на повредите на самото место еден од полициските службеници починал, а другиот добил телесни повреди. Возачот потоа, продолжувајќи со управувањето, со возилото удрил во друго патничко моторно возило, во кое биле три лица и на сите им нанел телесни повреди. Возилото продолжило со движење, но од брзината и ударите се превртело, при што и осомничениот добил телесни повреди“, соопштија од Обвинителството.

Претходно од кумановското Обвинителство соопштија дека осомничениот бил под дејство на алкохол.