Centar.mk
КУЛТУРА

Изведба на театарската претстава „Да го поздравиш и да ми го бациш“ во Џебно кино (МКЦ) овој четврток

Изведба на театарската претстава „Да го поздравиш и да ми го бациш“, во продукција на здружението АРТОПИЈА.

25.04.2019 (четврток) | 21 часот | Џебно кино (МКЦ)

Да го поздравиш и да ми го бациш е документарна претстава, авторско дело на четворица актери и еден режисер. Ја раскажува приказната за растењето, за соништата за себеостварувањето и за соочувањето со општествените механизми на функционирање.
Темите што се отвораат во претставата (уметноста во себе, надежите, стравовите, борбите за остварување на креативниот потенцијал…) се одраз на личните искуства на актерите и зборуваат за борбата за индивидуална слобода.
Каков треба да биде тетатарот денес? Кое е неговото место во опшетството? Кое е местото на младинците во општетсвото во кое живееме? Претставата зборува и за: емотивната слика на индивидуалниот внатрешен конфликт помеѓу интутитивното и рационалното, за слика за вакуум просторот помеѓу „каков сакаме да биде животот“ и „каков животот навистина е“ итн. Севкупно, актерите на сцена поставуваат прашања и отворат дилеми барајќи начин да ги одговорат.

Играат :
Бојан Кирковски
Наташа Петровиќ
Ненад Митевски
Симона Спировска Костовска

Режија: Билјана Радиноска

Претставата не е наменета за лица под 16 години!

Можеби ќе ве интересира

Објавен романот „Немам страв“ од Трајче Стамески – психолошки трилер каков што македонската книжевност досега немаше

ДЕСК

Саем на книга ќе се одржи од 23 до 29 април 2026, под слоган “Отвори прозорец кон нови светови”

ДЕСК

„А“ – самостојна изложба на Олгица Антовска: водата како духовна инспирација

ДЕСК