3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Незаконски е полициски инспектори да се притискаат за да излезат на партиски митинзи

Зоран Заев, Стево Пендаровски и Оливер Спасовски ја злоупотребуваат полицијата и се обидуваат да ја претворат во партиска подружница на СДСМ, изјави Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Незаконски и под секое ниво на професионалност е полициски инспектори да се притискаат за да појавуваат на партиски митинзи, изразуваjќи поддршка за политичари, наместо да ја вршат својата работа во функција на обезбедување на мирот и сигурноста на граѓаните на Република Македонија. На митингот на СДСМ во Карпош на 22 април полицискиот инспектор Елхам Шкрета му се обрати на Заев, со зборовите: ‘Кај нас има еден збор што се вика ‘беса’ вечерва ти ја давам бесата дека на петти ние сме победници и нема да те оставиме во кал, како што ти нас не нè остави нас, ти си нашата икона’. Со оваа своја изјава полицискиот инспектор директно ги крши законските акти од областа на полицијата. Имено, според приоритетите за 2019 година како приоритети на МВР се наведени професионализацијата, департизацијата и деполитизацијата на вработените во оваа институција“, истакна Ѓорѓиевски.

Тој рече дека ова не е единствен пример на партиски активизам на полициски службеници, а во текот на целата кампања можело да се забележиме како Јовче Ременски, сопруг на потпретседателката на СДСМ Фросина Ременски, кој е инспектор во УБК, стои во првите редови аплаудирајќи му на Заев и на Пендаровски.

Ѓорѓиевски оцени дека ваквото однесување не доликува и е недозволиво за полициски службеници, а МВР како институција има обврска да им служи на граѓаните, а не на политичките партии.

„Заев, Пендаровски и Спасовски мора да одговараат за оваа злоупотреба на полицијата. Одговорност за ваквиот однос мора да има. Полицијата која наместо да го чува јавниот ред и мир оди по партиски собири и агитира за Пендаровски е главниот причинител за криминалот кој царува по улиците“, додаде Ѓорѓиевски.

Спонзорирано: