Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Владата ја разгледа информацијата од одржаниот состанок на Надзорниот одбор за супервизија и следење на напредокот во имплементацијата на системот за итни повици Е-112

Владата на Република Северна Македонија на денешната 131 седница ја разгледа и усвои Информацијата од одржаниот состанок на Надзорниот одбор за супервизија и следење на напредокот во имплементацијата на системот за итни повици Е-112 во Република Македонија, и ги задолжи Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за одбрана, Министерството за финансии и Секретаријатот за европски прашања во рок од десет дена да номинираат свои претставници во Надзорниот одбор за супервизија и следење на напредокот во имплементацијата на Е-112 и да ги достават до Центарот за управување со кризи.

Како дополнителен заклучок на седницата Владата на РСМ го задолжи Генералниот секретаријат редовно да ја информира Владата за напредокот во имплементацијата на системот за итни повици Е-112 кој произлегува како обврска од усогласувањата со праксата на Европската Унија за воспоставување комуникациско–информативен систем и единствениот европски број за итни повици во сите земји на унијата.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Од вторник обилни врнежи и засилен ветер – Синоптичарите ја објавија најновата повеќедневна прогноза

ДЕСК

Верувал дека ќе си врати 40.000 евра, но останал и без уште 3.500!

ДЕСК

Среде бел ден девојка ограбена во Скопје – арамијата употребил физичка сила на автобуска постојка

ДЕСК