Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Политички земјотреси во земјава правеше Груевски, тоа е речникот и матрицата на Сиљановска, граѓаните нема да дозволат враќање на режимот, велат од СДСМ

– Криминал, корупција, неправда, непочитување на основните човекови права и слободи, монтирани судски пресуди, затворање медиуми, прислушувања, насилства врз студенти, пратеници, обиди за убиства, изолација, аболиција за криминал…. тоа беа земјотресите на Никола Груевски и Ѓорѓе Иванов кои 11 години на штета на граѓаните и државата, реагираат од СДСМ.

– Тоа е речникот, тоа е матрицата и на Горданa Сиљановска. Таа е кандидатката на Мицкоски и Груевски.

Гласот за Сиљановска е глас за враќање на режимот на Никола Груевски и неговите земјотреси, криминалот, корупцијата, неправдата, злоупотребите.

Граѓаните не сакаат нов Иванов ниту нов Груевски. Доказ за тоа е фактот што Гордана Силјановска има 130.000 гласови помалку од гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на изборите во 2014 година.

Бидејќи тоа, според логиката на Сиљановска, е целосен колапс на легитимитетот на Мицкоски очекуваме тоа и јавно да му го соопшти.

Останува фактот дека Пендаровски победи во првиот круг а Сиљановска загуби. Предноста на Пендаровски потврдува дека во вториот круг е сигурен победник.

Граѓаните не сакаат враќање назад, деструкција, политички земјотреси кои ги застапува Сиљановска. Граѓаните сакаат напредок, сигурна иднина, членство во НАТО и ЕУ и уште посилно ќе го поддржат концептот на Стево Пендаровски. Заедно Напред, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Претседателот на Собранието прими делегација предводена од претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)

ДЕСК

Пукање во Струга: Испукани куршуми кон стан од возило во движење

ДЕСК

Инцидент во Аеродром: Жена приведена поради агресија кон полицијата

ДЕСК