Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

По 19 години затвор за убијците на Саздо

Двајцата обвинети Бесир Беља и Скендер Демири заработија по 19 години затвор за убиството на младото момче спортски навивач Никола Саздовски.

И трето обвинетиот Јетон Лужа кој е во бегство, а не му се судеше, удирал со клоци и тупаници по младото момче.

Според вештаците 16 пати свирепо го удирале сега починатоот момче.

Полна судница, загушлива атмосфера. Се чита пресудата за убиството на младиот спортски навивач Никола Саздовски.

По долги 15-тина минути судијката ќе соопшти, по 19 години затвор за обвинетите Бесир Беља и Скендер Демири.

Неколку минути Саздо чувствувал болка, а тепачите знаеле за тоа. Токму ова е причината судот да процени дека убиство е сторено на свиреп начин.

Семејството смета дека правдата е задоволена со овој исход.

Осудените добија 19 годишна затворска казна, а максималната беше 20.

Осудениците ќе мора да исплатат и по 80 илјади евра отштета на семејството на Саздовски за загубениот член на семејството.

Ќе останат во притвор се додека пресудата не стане правосилна.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК