10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку “Фејсбук” реагираше на синоќешната најава на премиерот Зоран Заев за кадровските промени и чистка на функционери.

Мицкоски на “Фејсбук” вели дека проблемот не бил до чистката, туку до тој што требало да ја направи.

– Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти, името му е Зоран Заев.
Зашто ветувањата за 500 евра плата не ги даваше некој друг, туку токму тој Зоран Заев.
Ветувањето за живот во Македонија, за повеќе пари за земјоделците, за 100 000 денари плата за лекарите, за правда и мир не ги даваше друг, туку тоа беше Зоран Заев.
Ветувањето дека нема да чепка во Уставот, дека името му е жицата од гитарата, и никој да не му ја чепка, беа зборови на Заев.
Ветувањето дека ќе расчисти со двајца министри осомничени за корупција во неговата влада уште пред две години, не ги даде некој друг туку токму Зоран Заев. Нема резултати.
Тој ги изневери и излажа граѓаните. Ја донесе апатијата и разочараноста во државата.
Ставот дека сите други погрешиле, но само тој е чист, е потценување на граѓаните.
Затоа на 5 мај мора да добие лекција која очигледно не ја научи оваа Недела.
Време е народот да му одржи лекција, време е да се каже доста е на лагите. Нема повеќе.
Време е за правда, за Македонија!, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Инаку Христијан Мицкоски кој се фалеше со убедлива победа на ВМРО ДПМНЕ и Гордана Силјановска на претседателските избори, не само што не победи, туку и доби 16.000 гласови помалку во однос на локалните избори, а над 150 илјади гласови помалку од последните парламентарни избори.

Спонзорирано: